Расцветано лепче
Викенд вкусно и калориски појачано лепче за цела фамилија, доколку планирате понапорни физички активности како долга планинарска тура на пример…
- 1 векна леб (овален, компактен)… големина по желба и потреба
- 50г сланина, тенко сечена (за шмек, можете и без оваа состојка)
- 100г кашкавал/моцарела
- свежи пиперчиња
- шери патлиџани
- лук
- кромид
- мајчина душица и афион
- малку маслиново масло
Подготовка
1. Векната леб се сече со остар нож од горе кон долу, но не до крај.
2. Во пресечените делови се става сланината и кашкавалот заедно со пиперчињата, ситно сецканиот кромид и шерито.
3. Со четка се премачкува лебчето со тупано лукче.
4. На крај се поросува до афион и мајчина душица.
5. Така спремно, лебчето се витка во фолија и се пече во загреана фурна 10 на 200 степени, а потоа се одвиткува и се пече уште 5 минути.
6. Кога ќе се извади се додава одозгора малку маслиново масло.