Пржени лепчиња полнети со блитва
Раззеленета верзија на пржените лепчиња на баба.
- За два сендвичи:
- 4 парчиња леб
- 7-8 листови блитва
- 50 грама сирење
- 2 јајца
- путер од кикиритки
- 2 лажици млеко
- 2 лажици павлака
- масло
1. Блитвата се сецка ситно и се пропржува на неколку лажици маслиново масло, неколку минути за да омекне.
2. Се трга од оган и се додава павлаката и ренданото сирење, се зачинува со сол и бибер по желба.
3. На едното парче леб се нанесува смесата од блитва, а другото се премачкува со путер од кикиритки. Се склопува сендвич.
4. Се матат јајцата со малку млеко и во нив се потопуваат сендвичите, а потоа се на загреано масло, додека да се добие коричка од двете страни.