Празови бротчиња

Вашата креативност со апетитот секогаш може да направи промена само во додатоците за филот.

 
  • за тесто:
    300г брашно (какво сакате)
  • 1 лажица сув босилок
  • 1/2 лажица сув рузмарин
  • 1/2 кесичка сув квасец
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 шеќер
  • за фил:
  • 1 праз сецкан на кругчиња
  • доматен сос (кечап)
  • оригано за наросување
  • маслиново масло
  • 100г кашкавал
  •  
 

Подготовка

1. Сите состојки се мешаат во малку топла вода и се формира тестото кое се остава малку време за да стаса.

2. Се развлекува кора дебела до 1 сантиметар и се сечат правоаголници 7x14cm. 

3. Истите во средина се премачкуваат со доматниот сос и се полнат со филот од праз кој е малку пропржен.

4. Краевите се премачкуваат со вода, па се превиткуваат како бродчиња и повторно се премачкуваат со вода. 

5. Одозгора се наросува со оригано.

6. Се печат во предходно загреана фурна до 200 степени, околу 30 минути и пред да се извадат се посипуваат со рендан кашкавал.

7. Кога ќе се растопи кашкавалот тие се веќе готови.