Посно тавче
Мевлем за стомак и за здравје. Посно тавче за посните денови. А кој што сака може и да го појача!
- 1 кромид / ситно сецкан
- 1 морков
- 1 пашканат / сецкан на коцки
- 5-6 печурки (шампињони)
- 5 компири (средни)
- 1 шолја karas4training ориз (200мл)
- магдонос
- бибер и сол според вкус
- може и буковец (за љубителите на лута храна)
- 2 шолји вода
- маслиново масло
Подготовка
1. На малку масло се пропржуваат кромидот, пашканатот и морковот, а при крај се додаваат и печурките.
2. Потоа компирите се сечат на коцки, се ставаат во тавата заедно со останатите состојки и се зачинуваат со посакуваните продукти.
3. На крај се додава и магдоносот и тавата се полева со вода.
4. Се пече во рерна на 180 степени додека не испари водата.