Полнети лепиња / летна шема
Идеја за вишокот на летна манџа…
- 2 лепиња
- 50 грама сирење
- свеж босилек
- макало за готвење
- летна манџа
- сол
1. На лепињата им се отстрануваат капачињата и се длабат во средина.
2. Се полнат со летната манџа и се додава сирењето на коцки.
3. Краевите се премачкуваат со масло и се наросува мелен црн бибер.
4. Се пече на 200 степени додека да пожолтат краевите. На крај се додава свежиот босилек.
*Капачињата може да послужат за сигурен транспорт.