Полнети ќофтиња како гнезденца

Сочни и вкусни домашни ќофтиња, најдобра замена ако ви се пријаде мелено месо, а помислувате да земете еден брз сендвич од локалните сендвичари. 

 
  • 500г мелено месо
  • 1 компир
  • 200г спанаќ
  • 1 кромид
  • 3 јајца
  • 50г рендано сирење
  • 2 лажици брашно
  • сол, бибер
 

Подготовка

1. Во меленото месо ги додаваме ренданиот компир, ситно сецканиот кромид, брашно, едно јајце, сол и бибер.

2. Смесата се меси и се прават 6 топчиња кои ги формираме како гнезденца.

3. Се редат во огноотпорен сад, предходно лесно намачкан со масло.

4. Се полнат со ситно сецкан спанаќ (предходно засолен и исцеден), јајца и рендано сирење.

5. Се пече на 200 степени, околу 20/25 минути.