Пире од тиква

Ако ви здодеа класиката пире од компир, пробајте ја оваа комбинација сега, кога тиквите се во сезона.

 
  • 500г тиква
  • 1 компир
  • 1 кромид
  • 1 пашканат
  • 1/2 корен целер
  • 1 лажица путер
  • семки од сончоглед
 

Подготовка

1. Тиквата, компирот и целерот се лупат и се сецкаат на коцки.

2. Потоа се ставаат во сад со вода и се варат.

3. Кромидот се запржува 2-3 минути, им се додава на останатите состојки заедно со путерот и се блендираат.

4. На крај пирето се зачинува по желба и се посипува со пржени семки од сончоглед.