Пиперки во фолија

Ароматични пиперки за сечиј вкус…

 
  • 5-6 печени изупени пиперки
  • 50 грама фета сирење
  • 5 шери доматиња или 
  • 1 помал домат
  • магдонос
  • рузмарин
  • босилек
  • 1 чили пиперче
  • бибер во зрна
  • масло
 

1. Пиперките се печат и се лупат.

2. На алуминиумска фолија се редат пиперките, се попрскуваат со маслиново масло.

3. Се додаваат миродиите ситно сецкани (магдонос, босилек, рузмарин) и сирењето на коцки.

4. Се затвара фолијата и се пече во тавче на 200 степени 15 минути.