Пилешки ролат
Главно јадење за љубителите на месо, кое подобро е да го приготвите дома отколку да го купите готово со помалку квалитетни намирници. Како додаток, добро оди со синап од тегла.
- 3 парчиња пилешки гради
- 100г панцета
- 50г кашкавал
- 3 листови блитва
- природна сол
- бибер
Подготовка
1. Пилешките гради се сечат и се толчат помеѓу две фолии за полесно да се добие дебелината.
2. Потоа се наросува сол и бибер по желба.
3. Се става листот од битва, откако предходно малку покиснал во жешка вода.
4. Во средина се става парче кашкавал 1×1 сантиметар долг колку стекот.
5. Стековите се ролаат, а одозгора се витка и панцетата.
6. Се пржат 10тина минути (во тавче што не лепи) од сите страни.