Пикантно варено јајце во фолија

Овој рецепт ќе ја возбуди вашата креативност и ќе ви овозможи квалитетен протеински оброк.

 
  • 1 јајце
  • 1 рендан морков
  • рендан кашкавал
  • малку магдонос
  • 1-2 маслинки
  • хималајска или крупна морска сол (пожелно минимално или воопшто бидејќи има маслинки)
  • бибер (зачин по желба)
  • парче готварска фолија
  • маслиново масло
 

Подготовка

1. Една мала чинија се покрива со фолија и малку се премачкува со маслиново масло.

2. Потоа се додаваат сите состојки заедно со јајцето.

3. Фолијата се собира и се заврзува. 

4. Се вари 3-5 минути во вода, во зависност од желбите за тврдоста на јајцето.