Пикантни тиквички за добро мезе
Брзо, ефикасно и многу вкусно мезе
- 2 тиквички
1 чаша пармезан*
бибер
1. Тиквичките се лупат и им се отстранува мекиот дел со семките. Се рендаат на ситно и се мешаат со пармезанот и биберот.
2. Се формираат топчиња и потоа се сплескуваат тенко на хартија за печење
3. Се пече 20 минути на 200 степени
*наместо пармезан може да користите и некој друг цврст, сув кашкавал кој треба да биде ситно изрендан