Наслов

Пикантен сос од суви сливи

Интензивен, ароматичен и пикантен сос, кој одлично се вклопува како мезе со сирење или сувомеснато...

 
  • 15 суви сливи без семки
  • 1 кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 2 лажици соја сос
  • 100 мл лут кечап
  • 1 лажица буковец
 

1. Сите состојки се ситнат, лукот се толчи, кромидот и сливите се сецкаат на ситни парчиња.

2. Се се меша и смесата се загрева на тивко околку 20 минути, внимателно да не загорува.

3. Кога смесата ќе се олади, се блендира, додека да се добие сос, кој може да го чувате во фрижидер до 2 недели...

16 Март 2015

За авторот