Пица галети
Вечера за на брзинка, кога имате дома многу гладни усти и заостанато пакување оризови галети…
- 1 пакување оризови галети
- 100 мл доматно пире
- 50 грама кашкавал
- 30 грама пармезан
- маслинки
- кромид
- босилек
1. Во тепсија се редат галетите. Не е потребно подмачкување.
2. Се премачкуваат со доматното пире, се наросува босилек и се става по малку од двата вида сирење.
3. На крај се става по една маслинка и кромид на тркалца за дополнителна арома.
4. Се пече 10 минути на 250 степени и имате брза вкусна вечера.