Пелати со ѓумбир и босилек

Свежа доматна салатка во тегла за зима, со ѓумбир за стоплување на сетилата…

 
  • 5 кг домати
  • 2 китки босилек
  • корен од ѓумбир 10 см
  • 5 големи лажици сол
  • 3 лажици шеќер
 

1. Пелатите се бланшираат 1-2 минути и веднаш се ставаат во ладна вода за полесно да се излупат.

2. Се сечат по должина, од секој домат се добиват 6-8 парчиња, се зачинуваат и се додава сечкан босилек и рендан ѓумбир.

3. Теглите се полнат и се залеваат со течноста што ќе ја пуштат доматите. Затворените тегли се ставаат во рерна на 100 степени околу 2 часа, по што се оставаат во рерната додека да се изладат.