Печени пилешки плескавици со печурки

Вкусни, многу вкусни протеини…

 
  • 500 грама бело пилешко месо
  • 2 лажици павлака
  • 1 лажица путер
  • 2 јајца
  • 10 шампињони
  • 50 грама кашкавал
  • 100 грама лебни трошки
 

1. Месото се меле и се меша со павлаката, путерот, трошките и јајцата.

2. Се формираат плескавици и во секоја плескавица во средината се втиснува по една печурка без дршката.

3. Во длабнатинките на печурките се става по едно парче кашкавал.

4. Пилешките плескавици се печат на 220 степени 15-20 минути.