Печени домати со кубети

Додека сеуште имаме вкусни и големи домати може да го пробате овој рецепт…

 
  • 2 домати (поголеми јабучари)
  • 40 грама кубети 
  • 50 грама пармезан
  • 2 тенки кришки кашкавал
  • магдонос
  • 2 чешниња лук
  • сол 
  • бибер
  • 1 лажица масло
 

Подготовка

1 Доматите се длабат со мало лажиче.

2 Се прави мешавина за полнење од содржината на издлабените домати, кубетите, иступано лукче, магдонос, малку сол, бибер и 1 лажица маслиново/кокосово масло.

3 Издлабените домати се полнат со мешавината.

4 Се печат на 180 степени околу 20 минути.

5 При крај се додава по едно парче кашкавал на секој домат.