Печена штука со зеленчук

Важно е да најдете штука, а останатото е едноставно, хранливо и вкусно.

 
  • 2кг штука
  • 2-3 компири
  • 1 поголем кромид
  • 2-3 моркови
  • 1 пашканат
  • 1-2 праз
  • 2-5 лукчиња
  • гранче рузмарин
  • целер
  • лимон
  • масло
  • природна сол
  • бибер
 

Подготовка

1. Штуката прво се накапува со лимон (сол по желба).

2. Сите состојки се сечат на крупно и се додава масло и сол според вкус (подобро помалку).

3. Зеленчуците се печат во затворен сад 20 минути на 190 степени, а потоа се легнува штуката преку запечениот зеленчук. 

4. Истата се полева со малку масло, садот се покрива и повторно се пече уште 30тина минути (во зависност од тоа колкава е штуката).

5. Важно е во садот да останат соковите за да не загори зарзаватот.