Солено соѕидана пастрмка
Ниско-калорична риба и додаток од маслинки спремени по дома. Одличен избор за здрав протеински оброк.
- 300-500г златна пастрмка
- 1/2кг крупна морска сол
- 2 белки од јајце
- За додаток од маслинка:
- 50г маслинки
- коцка путер
1 децилитар маслиново масло - 1/2 лимон
- 4-5 чешниња лук
- 1 децилитар бело вино
сол и бибер според вкус
Подготовка
1. Рибата се чисти и се суши (не се додава ништо друго)
2. Солта и белките се мешаат убаво.
3. Тавата се премачкува со слој од смесата, се поставува пастрмката и внимателно се покрива со смесата од сол и белки.
4. Во загреана рерна на 200 степени се пече 30-35 минути.
5. Се остава малку да се излади, а потоа внимателно се крши и се лупи…
Ќе се изненадите колку е вкусна, а притоа несолена.
Додатоци можете да користите како ви е желба, но ви препорачуваме прво да ја пробате натур-печена.
Ние додадовме специјално приготвен додаток од маслинка по првичната натур проба.
Додаток од маслинка
1. Во тавче се става маслиново масло, путерот и ситно исецканите маслинки (најдобро е да бидат мелени или истолчени)
2. Се пржат на тивко, а потоа се додава сол, бибер и лук.
3. На крај се додава и вино, кое малку се зоврива за да се згусне.
Прекрасен додаток за секаков вид на риба!