Пастрамка со ароматични билки

Неделна доза на омега три!

 
  • 4 пастрамки
  • гранчиња рузмарин
  • ливчиња жалфија
  • китка магдонос
  • ловоров лист
  • 1 кромид
  • 4 лажици путер
  • сол и бибер
 

Додека пастрамката се пече, ги упива сите вкусови што ги  дава билната мешавина. На крај добивате кревко рибешко со зелен вкус…

1. Кромитчето се сецка на месечинки.

2. Билките се мијат и се ситнат.

3. Рибата се чисти и се зачинува со сол и бибер, а потоа се полни со зелената мешавина.

4. На секое парче риба одозгора се става по една лажица путер.

5. Се налева 2 дл вода и се пече покриена со алуминиумска фолија околу 15 минути и дополнителни 15 минути без фолија.