Паштета од скуша

Убава паштетка од риба која и до една недела може да го аранжира вашиот фрижидер, но и вашите сендвичи.

 
  • 1 пакување димена скуша
  • 2 варени јајца
  • 2 кисели краставички
  • 2 лути пиперчиња
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици сенф
  • мелен црн бибер
 

1. Скушата се чисти од кожата и коските и заедно со сите сотојки се мели во блендер, се додека не се добие смеса со конзизтенција на паштета.

2. Нема потреба од додаток на сол, бидејќи димената скушата е солена.