Палента со зеленчук
Брзо и едноставно, но вкусно и хранливо. Можете да експериментирате со додатоците како на пример со лук кој што ќе го обогати вкусот и хранливоста на палентата… но доколку немате потреба од социјализација и работни обврски по оброкот.
- (доза за двајца)
- 1 шолја палента
- 2 шолји вода
- 150г спанаќ
- 150г грашок
- 1 морков
- 50г семки од сончоглед
- буковец (лут ако поднесувате)
- природна сол (морска, хималајска)
- маслиново масло
Подготовка
1. Грашокот и морковот се варат додека не омекнат на среден оган, а потоа се тргаат на страна.
2. Спанаќот лесно се обарува.
3. Се вари палентата и додека е жешка се помешува со грашокот, морковот и спанаќот.
4. Се додаваат останатите зачини и семките од сончоглед како топинг.