Облачиња со мусли

Најздравите грицки на светот се пуканките. Први, пченката ја пукале и грицкале Индијанците, а во Европа откако во 15 век ги донел Колумбо, станале вистински хит.

 
  • 100 грама пуканки
  • 100 грама путер
  • 100 грама кафеав шеќер
  • 50 грама овесни снегулки
  • 50 грама сув ананас
  • 5-6 суви сливи (може и друго суво овошје)
  • мускатно оревче
  • неколку гранчиња мајчина душичка
 

1. Најпрво се спремаат пуканките, нормално без сол и се тргаат на страна.

2. Се растопува путерот во подлабок сад и се додава шеќерот.

3. Кога ќе се добие убава смеса се додаваат пуканките, ситно сецкано суво овошје и зачните, сето убаво е промешува.

4. Додека смесата е топла со раце се формираат топки или може со помош на метална црпалка и лажица.

5. Облачињата се оставаат на ладно да се стврднат.