Наслов

Нутри богатство во секој никулец

Дали знаевте дека изртените житарки и легуминози содржат трипати повеќе хранливи материи за разлика од нивните неизртени двојници?

Секое зрно има огромен герминативен потенцијал, процес при кој сите хранливи материи стануваат ектра достапни со цел младото растеније да си го најде своето место под сонцето. Истражувањата покажуваат дека при 'ртење нивото на витамини се покачува за 24 пати, нивото на ниацин за 6, а нивото на Б6 се дуплира. Дополнително содржат огормни количини на витамин К, фолати, манган, бакар, железо и цинк.

Од друга страна можеби и најголемите здравствени придобивки од 'ртењето не потекнуваат од големата количина на витамини и минерали, туку од мноштвото на ензими и фитонуртициенси кои покажуваат значајни антиканцерогени способности.

ДИГЕСТИЈА

Огромната количина на диетални влакна ја олеснува работата на дигестивниот тракт, го стимулира излачувањето на желудечните ензими и го забрзува варењето на храната. Исто така дополнително веќе постоечките енизми во самите никулци помагаат во олеснување метаболичкиот процес.

ИМУН СИСТЕМ

Мноштвото од витамини и минерали се огромен бустер за имуниот систем. Антиоксидациското дејство на витамините ги неутрализира слободните радикали и го успорува клеточкото стареење.


 Предлог рецепт: МЕЗЕ САЛАТА СО НИКУЛЦИ


 МЕТАБОЛИЗАМ И СЛАБЕЕЊЕ

Благодарение на диеталните влака изртените семиња го убрзуваат метаболизмот, а од друга страна се богати со нутрициенси, а сиромашни со калории, па претставуваат одличен додаток за сите кои мака мачат со вишокот килограми.

 

КРВНА СЛИКА

Никулците се одличен извор на железо, особено изртените легуминози и претставуваат ефикасен начин за подобрување на крвната слика и хемоглобинското ниво преку исхраната.

ИНТОЛЕРАНЦИЈА И АЛЕРГИИ

Со самото 'ртење доаѓа до разградување на глутенот, па изртените двојници на житарките кои инаку се богати со глутен се всушнот безбедни за сите кои се интолерани и имаат дигестивни тегоби при внесување на глутен.

06 Јули 2016

За авторот