Биокулт органски рецепти

Напиток и масло за подобрување на имунитетот

Разни вируси и бактерии нè демнат во зимскиот период предизвикувајќи болести од кои телото секојдневно се брани. Наша задача е да делуваме превентивно, а при првите симптоми на настинка да ги испробаме лековите од природата што можат да бидат ефективни и без несакани ефекти. 

 
  • (доза за 1 имуно напиток)
  • 1 кесичка органски зелен чај (Yogi Tea)
  • 1/2 лимон
  • 1 дрвена лажичка органски мед Биокулт
  • 1/2 лажичка органска куркума
  • 1/2 лажичка органско каранфилче
  • 1 лажичка органска мајчина душица
  • 1 шолја квалитетна вода
 

Подготовка (напиток за имунитет и смирување на кашлица)
 

1 Во шолја се ставаат сите состојки освен мед и лимон.

2 Со зовриена вода се полеваат состојките и се оставаат 5 минути.

3 Напитокот се процедува, а потоа се додаваат мед и лимон.

4 Спремно за консумација.

 
  • 1 капка масло од органско диво оригано
  • 1 лажичка органско кокосово масло
     
 

Подготовка (природен антибиотик)

1 На една лажичка со органско масло од кокос се капнува една капка диво оригано и брзо се голта.

2 Се пие една чаша вода.

*дозирањето зависи од возраста и болеста (сите информации ги имате во упатството)

 

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија