Набуцкано пилешко со зеленчук на скара

Секој додаток си е по ваш ќеиф… Важно е дека оброкот е погоден за спортисти и рекреативци кои би сакале да го сменат секојдневниот изглед на стековите. 

 
  • 2 пилешки стекови
  • патлиџан
  • кромид
  • пиперки
  • тиквички
  • рузмарин
  • крупна морска сол
  • маслиново масло
 

Подготовка

1. Стековите се сечат на коцки.

2. Зеленчуците исто така се сецкаат на поголеми парчиња и наизменично со месото се боцкаат на стапчињата. 

3. Пред да се стават на скара малку се посолуваат според вкус. 

4. Се печат 10тина минути со повремено подмачкување со масло.

5. Рузмаринот се реди одозгора за убав и здрав шмек.