Морковни стапчиња

Несекојдневна и вкусна и здрава закуска, наместо да посегнувате по готовите варијанти. 

 
  • (за двајца)
  • 250г моркови
  • 1 јајце
  • интегрално брашно (од 1/2 до 1 шолја)
  • маслиново масло за готвење
  • морска сол
  • оригано по желба
 

Подготовка

1. Морковите се сечат по должина на четвртинки.

2. Се валкаат во брашното, а потоа во матеното јајце.

3. Се пржат на заграно масло (ако користите тефлонско или керамичко тавче можете да поминете со многу малку масло). Немрсна опција е да ги испечете во рерна, 15тина минути на 190 степени. 

4. Се пржат до лесно омекнување на морковот. 

5. Се виткаат во салфетка за да се извади вишокот маснотии.

6. Одозгора може да се наросат со оригано.