Морков салата
Одлична лесна салатка со есенски шмек…
- 1 кг морков
- 1 китка магдонос
- неколку гранчиња целер
- маслиново масло
- јаболков оцет
- сол
1. Морковите се барат околу 10 минути, да не се преварат.
2. Откако ќе омекнат се сецкаат на тркалца. Се зачинуваат со сол, маслиново масло и јаболков оцет.
3. Морковите се зачинуваат додека се топли. На крај се додава исецкан магдонос и целер.
Напомена: Оваа салатка доколку се чува во фрижидер може да биде присутна на трпезата повеќе денови.