Модар патлиџан здраво наполнет
Овој рецепт брзо се подготвува, а здравствените бенефити и позитивниот фидбек на рецепторите за вкус се загарантирани!
- 2 модри патлиџани
- пиперки (може и лути)
- 2 црвени патлиџани
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- мала китка магдонос
- крупна морска сол и бибер по желба
- маслиново масло
- 1/2 литар вода
- прстофат кафеав шеќер
Подготовка
1. Модриот патлиџан убаво се мие. Дршките му се сечат, а потоа се лупи како шара на зебра.
2. По должина се засекува една страна од модриот патлиџан и се чисти за во неа да се сместат останатите зеленчуци.
3. Се ставаат во ладна вода, малку да постојат за да им излезе горчината, но не и да поцрнат.
4. Потоа се редат со вдлабнатината нагоре во средно длабоко тенџере во кое има 1/2 литар вода.
5. Во тавче лесно пропржуваме сецкан кромид со малку сол, а потоа го додаваме црвениот патлиџан, магдонос, бибер. Се попрскуваат со шеќер за да се карамелизира зеленчукот.
6. Лесно се мешаат некое време, а потоа се ставаат во модрите патлиџани.
7. Одозгора се буцкаат по две лукчиња и се редат исецканите пиперки и кругчиња кромид.
8. Се варат до 30 минути на тивок оган во затворено тенџере.