Убава домашна манџа на мексикански начин :)

Мммм Мексичко…

Со вака подготвеното јадење наполнете си 1-2 тортиљи или јадете го со ориз како прилог.

Bon apetit!!!

 

  • 500гр. пилешки гради (може и со друго месо, по желба)
  • 2-3 зелени пиперки (или измешајте 2 зелени 1 црвена за колорит во чинијата)
  • 2 главици зрел кромид
  • 2 моркови
  • baby corn (ситна пченка)
  • 1 тиквичка
  • печурки(по желба)
  • сол
  • бибер
  • лук во прав
  • кумин
  • маслиново масло

Подготовка

1. Месото се сече на коцки (големината на коцките не е важна). Најубаво е ако сте во можност месото да го маринирате еден ден порано во маслиново масло, сол, лук во прав и кумин.

2. Маринираното месo го пропржувате во тавче. Откако ќе добие убава боја му ставате малку вода и тавчето го поклопувате со капак за да се динста на тивок оган.

3. Во меѓувреме го сецкате зеленчукот. Пиперките на резанки, исто и кромидот. Печурките на 4 пати, морковите на многу тенки ленти (ние тоа го правиме со специјално ноже за лупење лушпа од компир), тиквичките на коцки. Baby corn-от го оставаме цел.

4. Ги пропржуваме и нив во друго тавче (најдобро е да користите тефлонски тавчиња или тавче од друг нелеплив материјал, така не морате да користите масло, ќе бидат како потпечени на скара). Се пропржуваат многу малку, да не ја сменат бојата.

5. Кога место ќе биде готово го отварате капакот и му го додавате зеленчукот. Варете уште 5-10 мин. максимум, гледајте зеленчукот да не омекне, туку да го задржи оној крцкав вкус на свеж зеленчук.