Еден поздрав сутлиаш

Млечно-косоок десерт

 
  • 1 шолја интегрален ориз
  • 1 литар млеко (видот на млекото по желба-кравјо, козјо, соино, оризово)
  • малку вода
  • цимет
  • мед
 

Подготовка

1. Оризот се вари во сад со малку вода (колку да го покрие оризот) околу 15-20 минути.

2. По 20 минути варење во водата, полека се додава и млекото.

3. Оризот и млекото цело време се мешаат за смесата да не загори.

4. По околу 45 минути крчкање на среден оган, млекото би требало скоро цело да испари.

5. Садот се трга на страна кога оризот има доволно млеко, но не е ни премногу течен ни премногу сув.

6. Сутлиашот е готов, но треба да се излади.

7. На млакиот сутлиаш се додаваат мед и цимет по желба.

8. Уживајте во здравиот млечен десерт!