Наслов

Мини вегански чизкејкс

И тоа суров, без вклучување рерни и плотни, а вкусен прсти да излижеш...

 
  • За основата:
  • 12 средни урми
  • 300 грами непечени кикирики
  • 3 лажици кокосово масло
  • За чиз слојот:
  • 300 грами непечени индиски ореви
  • 1 банана
  • 2 лажици агаве, мед, малтекс, стевиа
  • 4 лажици кокосово масло
  • 1 лимон
  • ванила екстракт
  • 100 милилитри вода
 

Подготовка

1. Индиските ореви претходната ноќ потпете ги во вода или минимум 6 часа пред да го подготвувате кејкот.

2. Прво ја подготвуваме основата, урмите ги потопуваме во млака вода, да отстојат околу 15 минути, ги цедиме, ги вадиме семчињата и ги блендираме заедно со кокосовото масло.

3. Кикириките ги толчиме ситно или ги мелиме во мелница и ги мешаме со урмите за да добиеме тестеста смеса, ако е премногу леплива може да додадете уште кикирики или кокосови снегулки. Треба од смесата лесно да формирате топка.

4. Во тавче за мафини наросете на дното кокосови снегулки или од истолчените кикирики и распоредете го тестото на 12 еднакви парчиња. Со прсти натапкајте го во дното на калапите.

5. Тавчето оставете го барем половина час во замрзнувач, основата да се стегне.

6. Во блендер измешајте ги индиските ореви, засладувачот, бананата исецкана на парчиња, сокот од лимон, растопеното кокосово масло, екстрактот од ванила и блендирајте. Постепено додавајте по малку вода се додека не добиете полутечна смеса.

7. Со чиз смесата дополнете ги калапите, но да не прелева смесата од рабовите и вратете го тавчето во замрзнувач да се стегне.

8. Половина час пред служење извадете ги чиз кејковите од замрзнувачот за да ја добијат соодветната конзистенција.

Забелешка: Најлесно ќе ги извадите кејковите ако поминете со тенко ноже по работ и потоа ги потбутнете само од едната страна непосредно откако ќе ги извадите од замрзнувачот.

27 Април 2014

За авторот