Мексиканско чили топло чоколадо

Одличен спој на мирис и вкус кој ќе ве стопли во најладните денови…

 
  • 50 грама темна чоколада
  • 200 мл млеко
  • 100 мл топла вода
  • 1 лажиче какао
  • 1/2 лажиче мелен цимет
  • 1/4 лажиче чили во прав
  • 1/8 лажиче морско оревче
 

Во длабок сад се загрева вода и млеко и се крши чоколадата на поситни парченца за да се стопи побрзо, се додаваат сите останати состојки и мешате додека се да се поврзе во еден маѓичен топол пијалок.