Маслиново масло со босилек

Прелив за салата или „дресинг” на кој буквално ќе се закачите…

 
  • 200 мл маслиново масло
  • 3 китки свеж босилек
  • 3 лажици хималајска сол
  • 3 чили пиперчиња
 

1. Одберете високо квалитетно ладно цедено маслиново масло кое има и најинтензивен вкус, а воедно и највисок антиоксидациски профил.

2. Во блендер се комбинираат сите состојки и интензивно се блендира на најголема брзина.

3. Добивате прекрасен ароматичен дресинг за салата кој може да стои во фрижидер и до две недели…

4. По желба може да го прецедите преку газа, но ние го чуваме непрецеден и е одличен, превкусен, и веќе се планира втората тура…