Мармалад од домашни сливи-џанки

Вкусен, киселкаст мармалад за мачкање на домашен леб или на подиетални палачинки. Или како сакате вие…

 
  • 1кг сливи
  • 250мл јаворов сируп
  • 250мл агавен сируп
  • * доколку сакате мармаладот да ви биде поблаг можете да си додадете и кафеав шеќер според вашиот вкус
 

Подготовка

1. Сливите убаво се мијат и се варат на тивко околу 45 минути.

2. Се пасираат на преса (можете и во блендер), и содржината повторно се враќа на варење уште некое време.

3. Кога ќе се згусне, се додаваат засладувачите по желба и мармаладот се вари уште 15тина минути.

4. Се собира во теглички, убаво се затвораат и се завиткуваат во подебела ткаенина.