Маринирани сончарки

Позната и како срндак, печурката е широко распростанета во подрачја со умерена клима, многу вкусна и хранлива…

 
  • Сончарки
  • 100 мл аклохолен оцет
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • дафинов лист
  • бибер во зрно
 

1. Печурките се бланшираат во зовриена вода со сол и се цедат.

2. Се редат во тегли заедно со дафиновиот лист, бибер во зрно и се преливаат со маринада.

3. Во 1 литар вода се става 100 мл алкохолен оцет и се зоврива.

4. Маринадата се подоладува па потоа се налева во теглите и се затвораат. По неколку дена печурките имаат одличен вкус.