Маринирани јајца од јапонска препелица

Мали, вкусни и здрави.

 
  • 30 јајца од јапонска препелица
  • 1 шолја вода
  • 1 шојла оцет
  • 1 рамна лажичка шеќер
  • 1 рамна лажичка сол
  • гранче рузмарин
  • неколку дафинови листови
  • прстофат шафран
  • стапче цимет
 

1. Јајцата се варат и се лупат. Нежно се редат во тегла. 

2. Се мешаат сите состојки во подлабок сад и маринадата се доведува до точка на вриење, се трга од оган малку да се излади.

3. Во теглата со јајца се налева од подготвената, малку изладена маринада.

4. Се консумираат по 2-3 дена.