Малку поинакво цвекло

Вкусно слатко за око и за уста…

 
  • 4-5 средни цвекла
  • 200 гр смокви (суви или свежи)
  • 1 шолја кафеав шеќер
  • сок од пола лимон
  • сусам или мак
 

Подготовка

1. Цвеклото се вари да подомекне, се лупи и се сечка на коцки.

2. Смоквите се сечат на четвртинки, а ако се свежи се лупат.

3. Во тенџере се става шеќерот и сокот од лимон, се додаваат цвеклото и смоквите.

4. Се вари на тивок оган до густина на слатко.

5.На крај одозгора се посипува сусам или мак.