Наслов

Македонско традиционално тројство

Лут пинџур, биено сирење и испотена чашка ракија е комбинација која не ве пушта да станете од маса.

 
  • 1 килограм пиперки мешани лути и благи
  • 2 модри патлиџани
  • 3 средни домати
  • 1 главица лук
  • сол и масло
 

1. Пиперките и модрите патлиџани се печат, се лупат и се сецкаат на парчиња. 

2. Во дрвен ваган се толчи лукот заедно со сол и се додаваат модрите и пиперките.

3. Интензивно се толчи пинџурот и се додаваат ренданите домати, без лушпи и на крај се попарува со 3-4 лажици врело масло.

4. Се промешува и се служи со ракија и сирење.

21 Јуни 2016

За авторот