:) :) :)

Наслов

Ќе пукнат Јапонците од мака - Македонско суши

Фантазијата нема граници. Со оваа комбинација можете пријатно да ги изненадите своите пријатели, доволно е  да ги поканите на домашно суши! 

 
  • 3 млади прави тиквички 
  • 200-300г сирење (по ваш избор)
  • маслиново масло
  • 1 морков
  • босилек
  • 1/2кг кисело млеко
    4 јајца
 

Подготовка

1. Тиквичките се сечат на ленти, се бланшираат кусо во солена вода, а потоа се цедат.

2. Кравјото сирење се дроби на ситно до паста, му се додава маслиново масло и босилек. 

3. Морковот се сече на тенки стапчиња.

4. Секоја лента се полни со смесата, се става едно стапче морков и се втика во ролна... се ролаат...

5. Се редат во тава, предходно подмачкана со масло.

6. Во рерна на 250 степени се печат 15-20 минути, се додава изматениот прелив и се пече уште 30 минути додека да испари течноста.

7.Прелив се прави од киселото млеко и од јајцата, убаво измешани за да се добие хомогена смеса.

29 Март 2013

За авторот