Македонски круши на француски начин

Прекрасен преплет на вкусови и мириси…

 
  • Круши колку сакате
  • Бело кравјо сирење
  • Биено сирење
  • Свежо нане
  • Маслиново масло
 

1. Исечете ги крушите надолжно и со мало лажиче извадете го делот околу семките, да се добие длапка за сирењето.

2. Двата вида на сирење се рендаат на ситно и се мешаат, па секоја половинка се полни со миксот од сирење.

3. Секоја крушка се декорира со ливче свежо нане и се реди во плех на хартија за печење, па се печат во загреана фурна на 200 степени околу 10тина минути додека да се стопи сирењето и да пожолтат крушите.