Мајмунски путер
Овој сладок „путер“ мора да го имате во фрижидер. Одличен за големи и мали, за во палачинки и за на лепче, а ние дури го сркавме од тегла затоа што има вкус на тропски коктел, а башка е хранлив!
- 5 банани
- 100 грама кокосово брашно
- 1 конзерва ананас и сокот од конзервата
- 100 грама кафеав шеќер
- 1/2 цеден лимон
1. Ги сецкаме бананите на тркалца и ананасот на парчиња, па сите состојки се ставаат во подлабок сад.
2. Путерот се вари на тивко со повремено мешање додека не се добие густа смеса.
3. Додека смесата е врела се истура во чисти тегли (излегува смеса за 2 средни тегли).
4. Теглите се затвараат и се варат уште 10 минути. Вака приготвен мајмунскиот путер може да трае и до 1 година.