Летен салатен ручек
Во летните горештини не ни паѓа на памет да седиме над шпорет и да готвиме или пак да конзумираме тешки оброци. Затоа се одлучивме за нешто полесно, а здраво…
- 1 варено јајце
- 3-4 маслинки
- 1 свежа пиперка (лута ако сакате)
- 1 домат
- 50г сирење или урда
- зелена салата (количина по желба)
- маслиново, сол и други зачини според вкус
- прстофат чиа семе
Подготовка
1. Зелената салата убаво се мие, а потоа се остава во сад со вода и оцет уште 20тина минути за да се исчисти убаво.
2. Се сецкаат сите продукти, се ставаат во сад за салата и се зачинуваат.
3. Со интегрален/ржан каков сакате леб или без него, имате брз летен и лесен ручек!
* салатата е доволна за да се најаде 1 лице, а како мезе може да послужи и за повеќе луѓе.