Летен каротенски оброк
Заштитата од сонце засилете ја и преку стомакот со ова вкусно бета каротенско јадење
- 500 грама моркови
200 мл доматно пире
2 лажици путер
Сол и бибер
2 лажици кафеав шеќер
Гранче рузмарин
1. Морковите се лупат и се сечат на стапчиња како за помфрит.
2. Во тавче се растопува путерот и кратко се пропржува морковот.
3. Се додава шеќер кратко да карамелизира
4. Се налева доматно пире, се зачинува според вкус и се крчка уште 10тина минути.