Лесна и здрава салата од кромид

Дури и да не сте виртуоз со ножот, оваа салатка можете да ја стокмите за 5 минути…

 
  • 2 големи црвени кромидки
  • 1 лимон
  • 2 лажици оригано
  • маслиново масло
  • природна крупна сол
  • бибер
  • луто пиперче (по желба)
 

Подготовка

1. Кромидот трпеливо се сече на тенки месечинки и се меша со ориганото.

2. Потоа се додава сокот од лимон и ренданата кора од лимон.

3. Се зачинува со останатите продукти според индивидуален вкус.