Лепеза од модар патлиџан

Лесно, брзо, вкусно и во сезона…

 
  • 1 модар патлиџан
  • 100 грами сирење
  • 2 домати
  • 1 зелена пиперка
  • маслиново масло
  • сол бибер
  • китка магдонос
  • свеж босилек
 

1. Модриот патлиџан се сече по должина како лепеза, со дебелина на парчињата до половина сантиметар ама до висина на дршката

2. Секој лист се премачкува со малку маслиново масло и помеѓу листовите се реди доматот исецкан на тенки кругови, иситнетото сирење и другите состојки.

3. Се пече во плех обложен со хартија за печење, во претходно загреана рерна на 200 степени околу 60 минути.