Крем супа со пашканат

Вкусна витаминска крем супа, која ќе ве хидрира и лесно ќе ве најаде во топлите летни денови.

 
  • 500г пашканат
  • 1-2 средни компири
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици мелено ленено семе
  • 1/2 мала лажичка путер
  • кора од лимон
  • 1-2 лажици павлака
  • магдонос
  • морска/хималајска сол и бибер по вкус
 

Подготовка

1. Се вари пашканатот заедно со компирот, исецкани на коцки, а потоа се пасираат со вода до саканата густина.

2. Кромидот се сецка ситно и се пржи, а потоа се додава во супата. Заедно се варат 10тина минути.

3. При крајот од варењето се додава лененото семе со зачините.

4. Павлака и магдонос се додаваат при сервирање.