Крекери со пиво за со пиво

Во Мегамед имавме можност да ги пробаме крекерите на Тина, снаа на Наде, а заклучокот беше дека овој вкус вреди да се сподели. Лесен рецепт за интегрални крекери кои се одличен додаток за чаша пиво… 

 
  • 1 чаша ‘ржано брашно
  • 1 чаша интегрално брашно
  • 1 чаша бело брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 чаша мешавина од семки
  • 1 чаша пиво
 

1. Во длабок сад се замешува тесто од мешавината брашно, прашокот за пециво, семките и пивото.

2. Се добива тесто од кое се формираат крекери и се редат во плех на хартија за печење.

3. Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20тина минути.