Крап на жар

Ние имавме на располагање еден Охридски “трчан” крап.

 
  • 1,5кг крап
  • лимон
  • магдонос
  • лук
  • зеленчуци по желба (во случајов модар патлиџан, црвен патлиџан, кромид)
  • босилек
  • крупна морска сол
 

Подготовка

1. Крапот се парчосува на кременадли (2-3цм дебелина) па се посолуваат и накапуваат со повеќе лимонов сок.

2. По престој на ладно од околу 15 минути се печат…

3. Формула: 4 пати се вртат по 5 минути… со натапкување со масло (важно е да не изгорат, а да останат сочни).

4. Парчињата се редат во сад, а потоа се додава комбинацијата на лимон, лук и многу магдонос.

5. Додатоци по желба… зеленчуци што ви се наоѓаат за на скара.