Наслов

Козјо сирење во маслиново масло

За 24 часа добивата екстра ароматично сирење, а воедно тоа е најтешката работа од овој рецепт, дури да отстои...

 
  • 300 грама козјо сирење
  • китка босилек
  • 300 мл маслиново масло
  • 2 чили пиперчиња
  • 10 зрна бибер
  • 2 чешниња лук
 

1. Сирењето се сече на коцки и се реди во теглички.

2. Се ситнат пиперчињата и босилекот, а лукчето се преполовува и се додаваат во теглата наизменично.

3. На крај се налева маслиновото масло.

16 Септември 2015

За авторот