Компир на француски начин

Пробајте како замена на нашата мусака…

 
  • 1 килограм компири
  • 5 варени јајца
  • 1 чаша млеко
  • 2-3 чешниња лук
  • сол и бибер
  • маслиново масло
 

1. Компирите се варат со лушпа, а потоа се сечат на тркалца. Исто се прави и со јајцата.

2. Во подмачкано тавче се редат прво компирите, а потоа јајцата исечени на тркалца. Одозгора се става уште еден ред компири.

3. Се прелева со прелив од млеко, истолчен лук, сол, бибер и маслиново масло.

4. Се пече на 200 степени околку 15 минути додека да пожолтат.